22 Април – Ден на планетата Земја 4/23/26
На овој ден нашето училиште пулсираше во еко ритамот на природата.
Нашите ученици од прво до деветто одделение заедно со своите одделенски и предметни наставниции реализираа еко акција исполнета со ентузијазам, тимска работа и љубов кон природата.
Тие активно учествуваа во:
засадување на цвеќиња и садници
чистење и разубавување на училишниот двор
чистење на училниците и
изработка на едукативен материјал, цртежи и пораки со еколошка содржина.
Заедничко време го искористивме и за едукација, па така се потсетивме за градбата на растенијата, за нивно правилно и успешно садење, за животната средина и нашата околина, како да ја чуваме и сакаме, за дождовните црви во почвата... а сето тоа го надополнивме со многу смеа, дружба.
Дел од таа атмосфера може да ја погледнете низ фотографиите.
