Наставно-научна екскурзија во Пробиштип 5/23/25
Учениците од трето одделение на ден 20.5.2025 година, реализираа Наставно-научна екскурзија во Пробиштип.
Се запознаа со природните убавини, културно-историското наследство и географските карактеристики на местото и околината.
Го посетија Музејот за ретки минерали, кој има форма на кристал и во него се изложени 250 експонати на ретки минерали.
Уживаа во убавината на с.Лесново, кое е сместено во згаснат вулкански кратер поради што изобилува и со многу пештери.
Тука го посетија манастирот Св.Гаврил Лесновски кој е изграден во 1341 година врз темелите на постара црква од 11 век. Манастирот плени со богатиот фрескоживопис од византискиот период и со својот духовен и божји благодат.
????Ја слушнаа и приказната за ,,Старата црница" која се наоѓа во дворот на манастирот на која од коренот се израснати четири гранки во форма на крст. Таа е стара повеќе од 660 години и секоја година изобилува со вкусни плодови, од јули па се до септември.
Одделенски наставници:
Драгица Неделковска
Гордана Стојковска
Елена Бендовска
Бетка Спасовска