Назад
Учениците од прво одделение го посетија Расадникот кој се наоѓа во непосредна близина 11/13/25
На ден 13.11.2025год. учениците од прво одделение го посетија Расадникот кој се наоѓа во непосредна близина. Посетата беше поврзана со темата "Од семе до растение" од предметот природни науки. Таму беа пречекани од вработените кои им објаснија како се сее семето, како никнуваат млади растенија и како се пресадуваат во саксии. Децата имаа можност да ги видат различните видови семиња, садници и растенија во различни фази на раст. Со голем интерес ги следеа објаснувањата и поставуваа прашања. Учениците учествуваа и во мала практична активност-засадија семе и ќе го следат неговиот раст во училница. Посетата на расадникот беше многу успешна и едукативна.
