Назад

Настава во природа за учениците од петто одделение 6/5/25

 

Настава во природа за учениците од петто одделение се реализираше во периодот од 26.05 - 29.05.2025 година во Детското одмаралиште „Радости“ во Охрид.

Со реализација на оваа настава во природа, преку повеќедневен престој надвор од местото на живеење, низ едукација, другарување, рекреација, прошетки, забава и спортување, со примена и користење на современи педагошки форми и методи на работа, се проширија знаењата на учениците и се стекнаа со нови знаења за богатствата и убавините на нашата татковина.

Учениците се запознаа со: западниот дел од својата татковина, со нејзиниот релјеф, со нејзините убавини и богатства; животинскиот и растителниот свет во подрачјето каде што се изведува ваквиот вид настава во природа; животот и работата на луѓето во планинските и низинските предели; културно-историските споменици од подалечното и поблиското минато на нашиот народ; ретките примероци од флората и фауната од тоа подрачје.

За реализација на наставната цел, образовните и воспитните задачи се ангажираа наставници од Va, Vб, Vв и Vд одделение.

Задачите на наставата во природа беа поделени на:

Образовни: да се запознаат учениците со релјефот и карактеристиките на подрачјето каде што се изведува овој вид на настава во природа, а преку попатните набљудувања да се оспособуваат да го разликуваат релјефот на Р.М.; да се запознаат со позначајни културно историски и стопански објекти во крајот; изучување и истражување на објекти и појави во природата, како и односите во општествениот живот; запознавање со културата и начинот на живеење на луѓето во одделни краеви; да се запознаат учениците со животинскиот и растителниот свет во подрачјето каде се изведува оваа настава во природа, а со тоа и со животинскиот и растителниот свет во Република Северна Македонија; да се оспособат за организација и движење во природата;

Воспитни: градење и чување на патриотизмот, толеранцијата и соживотот; развивање позитивни односи кон националните, културните и естетските вредности; поттикнување и манифестирање на позитивни емоции; социјализација, колективна заштита и стекнување искуство за осамостојување и грижа за себе; да се равива кај учениците другарство и колективниот дух; да се развиваат кај учениците хигиенски и културни навики; да се развие љубов кон татковината; да се развие натпреварувачки дух.

Активности на учениците за време на наставата во природа: посета на манастири, цркви и други знаменитости; разговори со кустоси, свештени лица, локално население и водичот; спортски активности; забава и дружење; учење во природа.

Посетени локации: Манастирот Св. Јован Бигорски и Рајчица, Вевчани – Вевчански извори, посета на Амфитеатарот во Охрид, црквата Света Софија, Плаошник, Канео, прошетка низ охридската чаршија, праисториската наколна населба Заливот на коските, Билјанини извори.

Актив на V одделение

Илинка Димовска V а

Викторија Младеноска V б

Сузана Спирковска V в

Елеонора Лзаров V д