Назад

Нашето училиште беше домаќин на ученици од Самсун,Турција како дел од Еразмус проект. 6/1/25

Во периодот од 26 Мај до 30 Мај нашето училиште беше домаќин на ученици од Самсун,Турција ????????како дел од Еразмус проект.

Огромна благодарност до сите ученици кои  активно беа вклучени во активностите кои ги реализираа заедно со учениците од Турција и создадоа нови пријателства.

Посебна благодарност до наставниците кои беа дел од сите активности.

Наставник по англсики јазик - Наташа Лосковска која организираше добредојде како и презентација со која нашите ученици ја преставија нашата убава Македонија????????.

Наставник по математика Александра Бошковска Спасовска - која реализираше работилница од областа на геометрија во која учениците изработија оригами на 3 Д форми.✂️????????

Наставник по биологија Љубица Поп-Тошева Костоска- која реализираше експерименти за ДНК како изработка на фосили од глина.????

Наставник по информатика Соња Богатиновска и одделенски наставник Весна Бошковска - каде гостите имаа можност да ги видат и употребат роботите од лего коцки кои се изработени од нашите ученици. Посебна благодарност до компанијата Цементарница Усје која ни беше домаќин и реализираше едукација за 3Д принтање како дел од нивниот Иноваториум клуб. ????????

Дефектолог Велика Миленковска која реализираше работилница на тема булинг и врсничко насилство каде учениците имаа можност низ уметност да изработат колаж на оваа тема. ????️????????????️