Назад

Одбележување на Детската недела 10/14/26

Во нашето училиште ја одбележавме Детската недела од 05-11.10.2026 година под мотото: „Детството е најубавата приказна - да им помогнеме на децата да ја напишат со насмевка!“ Во текот на целата недела реализиравме разни детски активности водени под мотото на Детската недела. На 09.10.2026 (петок) учениците од прво одделение станаа членови на Детската организација при нашето училиште, дадоа заклетва дека ќе бидат добри ученици и проследија приредба подготвена во нивна чест од постарите другарчиња.