Посета на црква Свети Спас - петто одделение 5/17/25
Во согласност со Наставниот план и програма за петто одделение по предметите Македонски јазик и Историја и општество, на ден 14.05.2025 година (среда) реализирана е посета на црквата Свети Спас. Учениците имаа можност да го посетат гробот на Гоце Делчев и да му одадат почит на нашиот великан кој се борел за ослободување на Македонија од Османлиите. Исто така во музејот на Гоце учениците го видоа саркофагот во кој му биле пренесени моштите од Софија во Скопје, се запознаа со комитската носија, оружјето што го користел и камата и пиштолот пред кои дал заклетва дека ќе се бори за слободата на Македонија. Имавме можност да се потпишеме и на книгата за впечатоци. Потоа учениците ја посетија и црквата каде што ги разгледаа иконите и фреските во неа. Полни со нови знаења и со многу впечатоци, учениците се вратија во училиште.