Претстава ЗАСТАНИ, ПОГЛЕДНИ ПА НА ПЕШАЧКИ ПРЕМИНИ 2/28/26
Учениците од прво одделение ја проследија Претставата ЗАСТАНИ, ПОГЛЕДНИ ПА НА ПЕШАЧКИ ПРЕМИНИ која имаше за цел преку театарско-едукативен пристап, пропратен со забава, хумор, песни и игри, да ги научи децата на основните сообраќајни правила: како се преминува улица, препознавање на знаци и сигнализација , безбедно однесување со велосипед/тротинет и сузбивање на стравовите и грешната перцепција за сообраќајната полиција.Трите кукли во природна големина, преку кои на сцена се толкуваа три деца со различни карактери, визуелно ја оплеменуваа оваа претстава, но и внесуваа дополнителна комедија, забава и ритам, кој направи претставата да биде воспримена во еден здив. Карактерот на полицаецот беше единствениот реален лик, се со цел да се избегне карикатуралноста која е присутна кај останатите ликови.
Преку интеракција со публиката, децата учествуваа во дискусијата за тоа кое однесување е добро а кое не, што е правилно а што не, која сигнализција што означува и кој - како во сообраќајот треба да се однесува.Преку забава и интеракција беа едуцирани најмладите, а тоа е сигурен исчекор во процесот на развивање на совесни граѓани во едно општество.
Особена чест беше што со нас беа присутни министерот за внатрешни работи Панче Бошковски, директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, претседателот на РСБСП Горан Ангеловски, градоначалничката на Кисела Вода Бети Стаменковска Трајкоска и претставници на МВР И СВР Скопје.
