Назад

Работилница ‘’Велигденска уметност’’организирана од ОУ Работнички универзитет ‘’Крсте Мисирков’’oд Кичево. 5/17/24

Согласно програмата по предметот историја и општество за IV одделение ,на ден 25.04.2024 година учениците од четврто одделение при ОУ ‘’Кирил Пејчиновиќ’’ учествуваа како виртуелни учесници преку платформата ZOOM во креативната работилница ‘’Велигденска уметност’’организирана од ОУ Работнички универзитет ‘’Крсте Мисирков’’oд Кичево.

Учениците од четврто одделение при ОУ ‘’Кирил Пејчиновиќ’’ идентично твореа со учениците -учесници од основните училишта од општина Кичево.

Оваа работилница е дел од проектот кој е од национален интерес во културата на креативни индустрии со наслов ‘’Креативноста не поврзува-мултикултурни и инклузивни работилници’’,подржан од Министерството за култура.

Задоволството беше навистина големо...