Среќен почеток првачиња! 9/1/25
Денеска е еден од оние денови што секогаш остануваат во срцето, ден кога нашите најмали, првачињата, за првпат седнуваат во училишните клупи и го започнуваат своето големо патување кон знаењето.
Тие денес ја пишуваат првата страница од својата книга на иднината.
Нивната насмевка е најубавата порака дека сè што правиме, го правиме за нив.
И токму затоа, денес на наша огромна чест, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски заедно со премиерот Hristijan Mickoski и министерката Весна Јаневска поделија ранчиња и прибор на секое прваче.
Драги ученици, вратата кон знаењето е денес отворена пред вас.
Учете, сонувајте, бидете храбри и никогаш не се откажувајте, затоа што токму вие сте иднината на нашата татковина.
А ние, како институции, ќе бидеме секогаш тука со уште поголема енергија, посветеност и решителност, за да ви овозможиме образование какво што заслужувате.