Назад

Посета на Музеј на Македонската борба за независност и знаменитости на град Скопје. 3/15/24

Во согласност со Наставниот план и програма за четврто одделение по предметот Историја и општество, тема – Мојата држава, на ден 14.03.2024 година (четврток) реализирана е посета на Музејот на македонската борба за самостојност, како и посета на знаменитостите на нашиот град Скопје. Учениците имаа можност да се запознаат со минатото на нашата земја и борбата за слобода и самостојност. Ги продлабочија своите знаења за Илинденското востание, НОБ, АСНОМ, како и независноста на Македонија и првиот претседател Киро Глигоров. Потоа ги посетија знаменитостите на нашиот град, се запознаа со старите занаети во чаршијата, Камениот мост, Воинот на коњ. Меморијалниот центар на Мајка Тереза.

Посетата ја реализираа:

Илинка Димовска IVа

Викторија Георгиевска Младеноска IVб

Сузана Спирковска IVв

Мирјана Велковска IVг

Елеонора Лазаров IVд