Назад
Одбележување на „Денот на независноста на Република Македонија“ 9/8/25
На ден 05.09.2025 година учениците од VIII и IX одделение, кои се дел од историската секција под менторство на наставничката по историја Катарина Кузмановска, свечено и достојно го одбележаа Денот на независноста на Република Македонија. Настанот се одржа под мотото: „Честит празник, татковино – во срцето те носиме“.
За таа цел учениците и наставничката подготвија реферати кои беа читани во сите одделенија. Исто така беа изработени и изложени паноа со пораки, цитати, карти, мапи и знамиња, како и бројни креативни ученички изработки.
Со активностите уште еднаш беше истакнато значењето на 8 Септември како симбол на државноста и националниот идентитет.