Назад

Настан FIRST LEGO League натпревар 3/16/26

Нашето училиште на 14 и 15 март 2026 година во Diamond Mall ,учествуваше на настан FIRST LEGO League натпревар, обезбеден од Академијата за Роботика и Иновации. Овој натпревар е признат на глобално ниво и е подржан од УНЕСКО што го прави еден од најпрестижните STEM настани во светот. FIRST LEGO League е глобална иницијатива која ги запознава децата со науката,технологијата,инженерството и математиката(СТЕМ) преку интерактивно и забавно учење базирано на пракса.Натпреварите се насочени кон развој на вештини кај младите,преку решавање на реални проблеми,работење на проекти и создавање на иновативни решенија.Овој пристап ги мотивира учениците да размислуваат критички,да развиваат нови перспективи за иднината и да станат подобро подготвени за предизвиците во реалниот свет.Тема на сезоната 2025-2026 год беше Археологија .Нашите ученици имаа можност да истражуваат и креираат решенија за архивирање на податоци(фотографии и музејски експонати),користење на сознанија за идните архитектонски градби за самоодржливост(архитектура со био материјали),мапирање на локалитетите во РМ ,скенирање пронајдоци,конзервирање пронајдоци,3D холограми и проекции,компаративни алатки во глобална мрежа институции(музеи,институти,универзитети) односно го мотивираше тимот да го прошири знаењето и креативноста во насока на решенија кои придонесуваат кон развивање на дигитализацијата во археологијата во РМ која ќе обезбеди брзи истражувања со помалку ресурси и со далечинско управување,единствен национален регистар на наоди,ефикасна 3D визуелизација која ќе ги ревитализира локалитетите со атрактивни тури за туристи и посетители.Ова беше одлична можност за тимот која придонесе за -Развој на критичкото размислување-Тимска работа-Програмирање и алгоритамско размислување.

FIRST LEGO League е уникатна можност која ја потикна љубопитноста,иновативноста и креативноста на тимот ЛЕГО ЛЕГЕНДИ кој се состоеше од 9 ученици / Кирјазовска Ваја,Георгиевска Калина,Димитров Максим,Мајноска Бисера,Ковчиќ Иринеј,Диманоски Андреј,Ристов Максим,Нака Дамјан, Нака Влатко и 2 ментори Богатиноска Соња и Бошковска Весна,кој на овој настан доби прва награда.Голема благодарност до нашиот спонзор TITAN USJE ,кој несебично го подржува овој проект кој претставува можност за менторите и учениците да станат дел од глобалната STEM заедница и да инспирираат генерации на иноватори и лидери.