Работилница со тимот на Научниот караван 11/30/25
На 30.10.2025 година, тимот на Научниот караван го посети ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ – Кисела Вода, носејќи со себе нова доза на еко-инспирација и знаење за љубопитните млади умови.
Дали некогаш сте се запрашале што би се случило ако отпадот го претвориме во нешто корисно?
Токму тоа го направија нашите ученици! Од дома донесоа био-отпад (лушпи од јаболка, искористено масло и слично), а преку интерактивни и забавни демонстрации го претворија во вреден ресурс. Оваа активност им покажа дека секој мал чекор може да направи голема разлика – дека грижата за животната средина започнува од дома, од една мисла, едно дејство и една добра идеја.
Учениците од VII, VIII и IX одделение се запознаа со иновативни начини за повторна употреба на органскиот отпад, како производство на биодизел од отпадно масло и креативна изработка на биофилм од лушпа од компири.Одговорни наставници:Лидија Блажеска и Љубица Поп-Тошева Костоска.

