Назад

Дводневна екскурзија шесто одделение 5/23/23

Оваа училишна екскурзија има за цел проширување на знаењата,примена на вештини и ставови преку непосредно запознавање на појавите како и односите на природата и општествената средина,културно - историските знаменитости во согласност со воспитно-образовната работа на училиштето. Исто така воспоставување,развивање и негување пријателство,развивање интерес за природата и градење еколошки навики,градење чувство за патриотизам,толеранција и соживот .

Патувањето го спроведуваат одделенските раководители на паралелките,медицинско лице како и претставничка од агенцијата. Тргнување од Скопје,Тетово,Гостивар,Маврово потоа продолжуваме за Манастирот Св. Јован Бигорски,посета на Вевчанските извори,Струга ( мостот на поезијата и прошетка низ чаршијата). Пристигнување во градот Охрид.

Вториот ден имавме посета на црквата Св. Софија во Охрид,Плаошник,Самоиловата тврдина,Антички театар Св.Јован Канео,старата чаршија. Тргнување за Скопје во попладневните часови. Попатно сумирање и разговор за импресиите и впечатоците од посетеното и видено во последните два дена како и коментари и забелешки.

Одделенските раководители наставниците Александра Бошковска Спасовска,Александра Тасевска Ѓуровска,Даница Стефановска Настевска,Сашо Јованоски со учениците си поминавме одлично и се враќаме со многу импресии.