Назад

Почеток на учебна 2022/2023 година 8/30/22

Нашето училиште е огромна планета, каде што детството и искуството се надополнуваат еднo со другo, каде што возрасните и децата живеат како големо пријателско семејство“.

 

Почитувани ученици и родители/старатели,

Ве известуваме дека на 1-ви септември започнува новата учебна година.

По тој повод редоследот за доаѓање на училиште е следниот:

 

  1. Учениците од II до V одделение наставата ја започнуваат во 08:00 до 08:40 часот
  2. Учениците од VI до IX одделение наставата ја започнуваат во 09:00 до 09:40 часот
  3. Свечен прием на првачиња започнува во 10:00 часот

Ви посакуваме среќен и успешен почеток!

 Директор

м-р Борче Миревски