Назад

Успех во трките на 800 метри - 2013 (Физичко образование) Одржан на 10/26/13

26.10.2013 г. Спортска манифестација во атлетика-крос во општина Гази Баба. Организатор и одржувач е општина Гази Баба. Општина Кисела Вода беше гостин и имаше свои учесници од основните школи. Натпреварот во крос започна во 9:30 часот. ОУ „ Кирил Пејчиновиќ “ учествуваше со свои ученици на овој крос во атлетика. Девојчињата трчаат на 700 метри а машките на 800 метри во крос. Ученици од ОУ „ Кирил Пејчиновиќ “ кои учествуваа и трчаа на 800 метри крос: Матеј Стојановиќ од 8а-осмолетка освои 3 место во крос, Дамјан Настовски од 8а-осмолетка  и го освои 5 место во крос и Филип Насторовски од 8а-осмолетка  и го освои 2 место во крос.