Државен натпревар по Природни науки/2026 год (Природни науки) Одржан на 6/7/26
На 7.06.2026 година се одржа државниот натпревар по Природни науки кој се спроведе во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Помеѓу 256 учесници од петто одделение нашите ученици покажаа извонреден успех од кои посебно ќе ги истакнеме Алексеј Ѓурчиновски од V-а под менторство на наставничката Лидија Блажеска кој се најде помеѓу најдобрите 10 ученици (прва награда) и Јована Павловска од V-в (прва награда) и Ирис Петреска од V-г (втора награда) под менторство на наставничката Љубица Поп-Тошева Костоска кои се најдоа помеѓу најдобрите 30.
Останатите ученици од VI и V одделение ги постигнаа следниве резултати:
Теодор Стоилковски – VI-б трета награда
Лука Стаматовски V-д – трета награда
Антонија Скендеровски V-а – трета награда
Теодор Столески V-а – Пофалница
Стефан Анѓелкоски V-г – Пофалница
Теона Лазарова V-д – Пофалница
Јована Донакова V-д – Сертификат за учество
Данчо Попов V-а – Сертификат за учество
Помеѓу 403 учесници од четвро одделение пак најдобри беа Нестор Ангелески од IV-а , ментор Елеонора Лазаров, кој се најде во првите 20 најдобри и Димитар Костадиновски од IV-г , ментор Бетка Спасовска и Марија Танеска од IV-в , ментор Елена Бендовска, кои пак се пласираа помеѓу најдобрите 30 ученици.
Останатите ученици од IV одделение ги постигнаа следниве резултати:
Петар Петровски IV-г втора награда
Нина Апостолова IV-а втора награда
Саша Стоиловска IV-в трета награда
Марко Цветановски IV-в Сертификат за учество
На сите ученици им ги честитаме постигнатите резултати и им посакуваме уште многу успеси во иднина.